Норвешката скандинавка остана нерешлива енигма за младата фудбалска репрезентација на Македонија, која загуби со 1-3 во меч од осмата квалификациска група за пласман на ЕП во Чешка.
Со три гола во второто полувреме, гостите од Норвешка направија комплетен пресврт и заслужено ги освоија бодовите. Поведовме со евроголот на Дарко Велковски во 44 минута, а продолжението ни донесе пораз.
За десетина минути примивме два гола, а стрелци беа Рашани и Бериша. Вториот погодок беше од сомнителен пенал, што за Норвешка гпо досуди слабиот судија од Малта, Клејтон Писани. Во 71. минута голманот на Арсенал и на Македонија, Дејан Илиев по третпат ја вадеше топката од мрежата по прецизниот удар на Нилсен, што значеше и крај на надежите на Македонија за подвиг и пат на ЕП. Шанси се уште има, но тѕие се минимални. По 4 одиграни натпревари имаме 4 бода, а пред нас се Португалија, Израел и Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


