Фудбалерот на Работнички Дарко Велковски стана специјалист за евроголови во дресот на националниот тим за играчи до 21 година. Со неговиот прекрасен погодок од 20-на метри во финишот на првиот дел водиме против Норвешка со 1-0 по 45 минути игра.
Давид Бабунски кој повторно го презентираше раскошниот талент се проби од левата страна, ја врати топката во срцето на шеснаесетникот, таа се одби до Велковски, а овој биеше по земја неодбранливо за предност на Македонија.
Норвежаните доминираа речиси половина час, но без конкретна шанса. Гледачите ги стопли мајсторскиот потег на Давид Бабунски, кога издрибла двајца противнички играчи, а потоа сличен продор имаше и Велковски. Македонија можеше да поведе во 35. минута по ударот на Мицевски со глава, но чист гол спаси голманот на гостите Росбах.
Натпреварот од осмата квалификациска група е мошне важен за двете репрезентации во обидот да се пласираат на Европското првенство во Чешка ѓшто ќе се игра во 2015 година. Со победа Македонија ќе има 7 бода од 4 натпревари и добра позиција во битката за едно од првите две места на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


