| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски: Груевски да дојде на финалниот извештај за „Скопје 2014“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги повика премиерот, министерката за култура и сите оние што имаат свој удел во „Скопје 2014“ да дојдат на прес-конференцијата, која ќе се одржи на 28, овој месец, кога ќе бидат соопштени финалните резултати и согледувања од ревизијата на проектот „Скопје 2014“.

-Ревизијата на скапиот и криминален проект „Скопје 2014“ завршува и разбирлива е сè понагласената нервоза кај владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, тие најдобро знаат какви наредби давале и што сѐ е правено, и тоа главно преку Општина Центар. Како што ветив, за 6 месеци ангажираните експерти ќе излезат со комплетна информација и наоди за проектот „Скопје 2014“. Уверен сум дека ангажирањето на експертската комисија не било залудно, како што вчера, немоќно се обидуваше да најде оправдување и да се амнестира ВМРО-ДПМНЕ – изјави Жерновски.

Тој истакна дека минатата недела завршила двомесечната ревизија на Државниот завод за ревизија за финансиските извештаи во Општина Центар во 2012 година, и со нетрпение го очекува и нивниот извештај.

– Граѓаните имаат право да знаат како и кој ги трошел нивните пари, и затоа транспарентноста во нашето работење е неопходна – вели Жерновски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top