Косовските власти денеска повторно му го забранија влезот во Косово на министерот без ресор во српската влада задолжен за Косово, Александар Вулин, што, според него, претставува доказ дека Приштина искрено се плаши од успехот на Граѓанската иницијатива „Српска“ на локалните избори.
– Високиот претставник на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар, ме информира дека привремените институции во Приштина повторно одлучиле да го забранат моето доаѓање на просторот на автономната покраина. Овој пат образложение е рокот од 72 часа, иако барањето (да го посетам Штрпце) го испратив уште во петокот, а до вторник минаа малку повеќе од 72 часа – изјавил Вулин за „Танјуг“.
Тој оценил дека Приштина продолжува со политиката на условувања и со обиди да се спречи државата Србија да го спроведе бриселскиот договор, како и дека покажува страв и силеџиство каде што ќе може и кога ќе може.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации