Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ предводени од Индира Кастратовиќ имаа среќа во денешната ждрепка за во втората фаза од Лигата на шампионите, каде се најдоа во најпосакуваната група во која силите ќе ги одмерат со дански Митјиланд, шведски Савехоф и германски Турингер.
Со оглед на тоа во која група се најдоа, ракометарките на ЖРК Вардар имаат големи шанси да стасаат до полуфиналето од Лигата на шампионите. Најзадоволна од ждрепката за втората фаза од елитното европско натпреварување со сигурност е и Индира Кастратовиќ.
– Морам да кажам дека сум задоволна од групата што ја добивме бидејќи другата е група на смртта, среќни сме што го одбегнавме актуелниот шампион Ѓер. Пред сѐ, сакам моите девојки да се вратат здрави од Светското првенство, а потоа ни останува многу време за да се подготвиме. Она што треба да го направиме е да бидеме со ладни глави, да нема еуфорија помеѓу ракометарките, нуту од публиката, не сакам еуфорија од никого. Сепак, екипите кои влегле во осумте најдобри не може да бидат слаби – изјави Индира Кастратовиќ.
ГРУПА 1
ЖРК Вардар СЦБТ
Митјиланд
Савехоф
Тирингер
ГРУПА 2
Ѓер
Крим
Будуќност
Ларвик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.