| четврток, 6 декември 2018 |

Новата истрага откри нови информации и документи за падот на „кингерот“

kinger-boris-trajkovski

Истражителите на несреќата, која се случи кај Мостар во која животот трагично го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски, откриваат нови детали кои фрлаат поинакво светло на трагедијата.

Како што пренесува Канал 5, на местото каде што се случи кобниот настан биле седуммина македонски експерти кои се дел од новата комисија за истражување на падот на „кингерот“. Експертите ги проверувале параметрите на летот и калибражата на авионските инструменти. Оваа недела е предвидено 15-члената комисија предводена од Омер Кулиќ да се собере во Мостар и да ги аналира добиените информации. На самото место македонските членови на комисијата разговарале и со жители на Ротимље за кобниот ден.

Според информациите на „Канал 5“ досега дваесетина жители на селото ја раскажале својата верзија на настанот која во сите искази е многу слична, дека во февруари 2004 година по падот на кингерот во близина на Ротимље дошле француски војници на СФОР кои го блокирале теренот и не дозволувале пристап до местото на падот. Дури 24 часа по несреќата е откриено местото каде што „кингерот“ се забил во земјата. Главниот истражител Омер Кулиќ стапил во контакт и со тогашни припадници на СФОР, за добивање повеќе информации.

Не се знае кога ќе биде презентиран извештајот за падот на владиниот „кингер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top