| четврток, 6 декември 2018 |

СФОР и босанското обвинителство се одговорни за уништување круциjални докази

Глав­ни­от истра­жи­тел на не­сре­ќа­та на „кин­ге­рот“ од 2004 го­ди­на, Сал­ко Бе­гиќ, до 27 фе­вру­а­ри 2004 го­ди­на, до 19.30 ча­сот, не ја по­се­ду­вал лен­та­та од ко­му­ни­ка­ци­ја­та на еки­па­жот на воз­ду­хоп­ло­вот и кон­тро­ла­та на ле­та­ње. До­то­гаш СФОР ја по­се­ду­ва­ле таа лен­та и бу­квал­но ја кри­е­ле од над­леж­ни­те суб­је­кти, глав­ни­от истра­жи­тел и Цен­та­рот за спро­ве­ду­ва­ње на ак­ци­ја­та за по­тра­га и спа­су­ва­ње во БиХ, кои тре­ба­ле да ги ор­га­ни­зи­ра­ат истра­га­та и ак­ци­ја­та за по­тра­га и спа­су­ва­ње. Ете зо­што, на­вод­но, ави­о­нот не бил про­нај­ден по­ве­ќе од 24 ча­са по слу­чу­ва­ње­то на не­сре­ќа­та

Вре­ме е отво­ре­но, и со фа­кти, и тоа не­по­бит­ни фа­кти, да се про­го­во­ри за ме­на­џи­ра­ње­то на кон­тро­ла­та на ле­та­ње од стра­на на СФОР, по­кон­крет­но ДЕ­ТА­ИР, фран­цу­ски­от де­тач­мент во со­ста­вот на СФОР, на ае­ро­дро­мот во Мо­стар. Ва­жеч­ки стан­дард е да­ва­те­лот на ус­лу­ги на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја (во слу­ча­јов ДЕ­ТА­ИР Мо­стар) да упра­ву­ва со тех­нич­ки­те средс­тва, уре­ди­те, опре­ма­та и об­је­кти­те за да­ва­ње ус­лу­ги на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја. Од дру­га стра­на, а со цел за обез­бе­ду­ва­ње без­бе­ден ре­до­вен и не­пре­чен воз­ду­шен со­о­бра­ќај, да­ва­те­лот на ус­лу­ги на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја из­го­тву­ва и до­не­су­ва про­гра­ма за да­ва­ње ус­лу­ги на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја ко­ја, ме­ѓу дру­го­то, оп­фа­ќа раз­вој на чо­ве­ко­ви­те ре­сур­си, тех­нич­ко-тех­но­ло­шка со­о­браз­ност на тех­нич­ки­те средс­тва, уре­ди­те, опре­ма­та и об­је­кти­те за да­ва­ње ус­лу­ги на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја во сог­лас­ност со ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди (та­ква про­гра­ма СФОР не­мал). Ту­ка тре­ба да се наг­ла­си де­ка да­ва­те­лот на ус­лу­ги­те на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја тре­ба да обез­бе­ди си­стем на пре­поз­на­ва­ње, про­це­на и на­ма­лу­ва­ње на ри­зи­ци­те кои се при­сут­ни при да­ва­ње­то на ус­лу­ги­те на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја во сог­лас­ност со при­фа­те­ни­те ме­ѓу­на­род­ни стан­дар­ди. Очиг­лед­но, во овој слу­чај ДЕ­ТА­ИР бил мно­гу да­ле­ку од про­пи­ша­ни­от си­стем на ме­на­џи­ра­ње на без­бед­но­ста/си­гур­но­ста (Safety Menagement System), ка­ко и од не­оп­ход­ни­от си­стем на упра­ву­ва­ње со ква­ли­тет (Quality Menagement System) во ра­бо­те­ње­то на ае­ро­дро­мот во Мо­стар. Што кон­крет­но зна­чи ова? ДЕ­ТА­ИР мо­рал да има по­да­то­ци де­ка во пог­лед на про­це­ду­ра­та, VOR/DME на­ви­га­ци­ско­то средс­тво не би­ло це­лос­но ис­прав­но, во смис­ла де­ка не­го­ва­та упо­треб­ли­вост не ја по­кри­ва­ла це­ла­та об­ласт на сле­ту­ва­ње спо­ред про­це­ду­ра­та. По­на­та­му, ДЕ­ТА­ИР не пре­зел ни­ка­кви на­вре­ме­ни мер­ки за да обез­бе­ди си­стем и да­ва­ње ус­лу­ги на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја во сог­лас­ност со ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди на Ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја за ци­вил­но воз­ду­хоп­лов­ство (ICAO). Ова е осо­бе­но зна­чај­но и од ас­пект де­ка на­ве­де­на­та про­це­ду­ра би­ла ди­зај­ни­ра­на да се из­ве­ду­ва со ра­дар­ски над­зор, кој по­доц­на не­ов­ла­сте­но бил уки­нат, а ра­да­рот от­стра­нет од ае­ро­дро­мот, па гу­бе­ње­то на сиг­на­лот од на­ви­га­ци­ско­то средс­тво, во та­кви ус­ло­ви на не­ма­ње ра­дар­ско мо­ни­то­ри­ра­ње, се по­ка­жа­ло коб­но за ле­тот на „кин­ге­рот“. Ту­ка до­а­ѓа­ме до вр­вот на ап­сур­дот. Во те­кот на по­вто­ре­на­та истра­га е откри­е­на уште ед­на пуб­ли­ка­ци­ја на про­це­ду­ра­та VOR-DME RWY 34 од 19.02.2004 го­ди­на. Тоа е про­це­ду­ра­та што кон­тро­ло­рот на ле­та­ње ја ко­ри­стел на 26.02.2004 го­ди­на при сле­ту­ва­ње­то на „кин­гер Б200“ на ае­ро­дро­мот во Мо­стар. Таа про­це­ду­ра е оз­на­че­на ка­ко „Instrument Approach Chart, 1.04. Mostar (LQMO) VOR/DME RWY 34“ од 19.02.2004 го­ди­на. Да из­бро­и­ме кон­крет­но, тоа е са­мо 8 (осум) де­на пред ле­тот на Z3-BAB за Мо­стар. Во што се со­стои ап­сур­дот? Ге­не­рал Жан-Луј Ка­за­не­ва на пис­ме­но из­ја­вил де­ка ва­жеч­ка про­це­ду­ра е про­це­ду­ра­та пуб­ли­ку­ва­на на 20.02.2003 го­ди­на. Ди­ре­кто­рот на Ди­рек­ци­ја­та за ци­вил­на ави­ја­ци­ја на БиХ, Ама­део Ман­диќ, пис­ме­но из­ја­вил де­ка ва­жеч­ка про­це­ду­ра е VOR DME RWY 34 01.02.2003 го­ди­на. И на кра­јот, кон­тро­ло­рот на ле­та­ње не ја ко­ри­стел ни­ту пр­ва­та ни­ту вто­ра­та про­це­ду­ра, ту­ку про­це­ду­ра VOR DME RWY 34 пуб­ли­ку­ва­на 19.02.2004 го­ди­на.

Ов­де, на де­ло и пред очи, има­ме три раз­лич­ни со­стој­би за ед­на иста про­це­ду­ра. Про­це­ду­ра­та VOR DME RWY 34 пуб­ли­ку­ва­на на 01.02.2003 го­ди­на е одо­бре­на и об­ја­ве­на од стра­на на BHDCA. Про­це­ду­ра­та VOR DME RWY 34 од 20.02.2003 го­ди­на е одо­бре­на и об­ја­ве­на од стра­на на DIRCAM. Про­це­ду­ра­та VOR DME RWY 34 1.04 MOSTAR (LQMO) од 19.02.2004 го­ди­на е об­ја­ве­на од стра­на на DIRCAM и е мо­ди­фи­ка­ци­ја на фре­квен­ци­ја­та за во­е­ни­те ко­рис­ни­ци на­ме­не­та иск­лу­чи­во за нив. Од тие при­чи­ни, не­јас­но е зо­што кон­тро­ло­рот на 26.02.2004 го­ди­на ја ко­ри­сти таа про­це­ду­ра, во слу­чај ко­га ста­ну­ва ко­га ста­ну­ва збор за воз­ду­хоп­лов кој вр­ши ци­вил­на воз­душ­на пло­вид­ба.

 

kolumna128-kinger-3

Про­це­ду­ра 1.04 MOSTAR (LQMO) VOR DME RWY 34 пуб­ли­ку­ва­на на 19.02.2004 го­ди­на, нај­де­на и фо­то­гра­фи­ра­на на ме­сто­то на кон­тро­ло­рот на ле­та­ње на ае­ро­дро­мот во Мо­стар на 26.02.2004 го­ди­на

СФОР до ден-де­нес не да­де од­го­вор, ни­ту во пр­ва­та истра­га ни­ту во по­вто­ре­на­та истра­га, кој и врз ос­но­ва на што одо­брил кон­тро­ло­рот да ја ко­ри­сти про­це­ду­ра­та пуб­ли­ку­ва­на на 19.02.2004 го­ди­на (ко­ја би­ла на­ме­не­та са­мо за во­е­ни ко­рис­ни­ци и иск­лу­чи­во за нив), а тој ја ко­ри­стел за ре­гу­ли­ра­ње ци­ви­лен воз­ду­шен со­о­бра­ќај на ра­бот­но­то ме­сто на 26.02.2004 го­ди­на при сле­ту­ва­ње­то на воз­ду­хоп­ло­вот на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, „кин­гер Б200“ со ре­ги­стар­ска оз­на­ка Z3-BAB.

 

kolumna128-kinger-2

Изг­лед на про­це­ду­ра 1.04 MOSTAR (LQMO) VOR DME RWY 34 пуб­ли­ку­ва­на на 19.02.2004 го­ди­на

 

Со ва­кви вред­но­сти и ре­зул­та­ти не е доз­во­ли­во и СФОР не сме­е­ле да об­ја­ват про­це­ду­ра ка­ква што би­ла „INSTRUMENT APPROACH CHART 1.06 MOSTAR“, VOR/DME RWY 34. На­ве­де­на­та про­це­ду­ра за при­од и сле­ту­ва­ње не сме­е­ло да му би­де одо­бре­на и опре­де­ле­на на еки­па­жот на „кин­ге­рот“ од стра­на на кон­тро­ла­та на ле­та­ње на ае­ро­дро­мот во Мо­стар. СФОР не пре­зе­ле ни­ка­кви мер­ки за да ја ста­ват над­вор од упо­тре­ба на­ве­де­на­та про­це­ду­ра и на тој на­чин да обез­бе­дат си­стем и да­ва­ње ус­лу­ги на воз­ду­хоп­лов­на на­ви­га­ци­ја во сог­лас­ност со ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди, ни­ту обез­бе­ди­ле без­бе­ден, ре­до­вен и не­пре­чен воз­ду­шен со­о­бра­ќај.

Мно­гу бит­ни, а во исто вре­ме за­гри­жу­вач­ки се уште две ра­бо­ти.

Пр­ва­та, е тоа што глав­ни­от истра­жи­тел на не­сре­ќа­та на „кин­ге­рот“ од 2004 го­ди­на, Сал­ко Бе­гиќ, до 27 фе­вру­а­ри 2004 го­ди­на, до 19.30 ча­сот, не ја по­се­ду­вал лен­та­та од ко­му­ни­ка­ци­ја­та на еки­па­жот на воз­ду­хоп­ло­вот и кон­тро­ла­та на ле­та­ње. До­то­гаш СФОР ја по­се­ду­ва­ле таа лен­та и бу­квал­но ја кри­е­ле од над­леж­ни­те суб­је­кти, глав­ни­от истра­жи­тел и Цен­та­рот за спро­ве­ду­ва­ње на ак­ци­ја­та за по­тра­га и спа­су­ва­ње во БиХ, кои тре­ба­ле да ги ор­га­ни­зи­ра­ат истра­га­та и ак­ци­ја­та за по­тра­га и спа­су­ва­ње. Ете зо­што, на­вод­но, ави­о­нот не бил про­нај­ден по­ве­ќе од 24 ча­са по слу­чу­ва­ње­то на не­сре­ќа­та. Ина­ку, ос­нов­но пра­ви­ло ко­га ќе се слу­чи не­сре­ќа на воз­ду­хоп­лов е глав­ни­от истра­жи­тел прв да ја прес­лу­ша на­ве­де­на­та лен­та и да се оби­де да ло­ци­ра ка­де и ко­га се слу­чи­ла пос­лед­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу еки­па­жот и кон­тро­ла­та на ле­та­ње за да се знае ка­де да се на­со­чи ак­ци­ја­та за про­на­о­ѓа­ње на воз­ду­хоп­ло­вот. Во слу­ча­јот на „кин­ге­рот“ тоа би­ло 8 (ос­ма) на­у­тич­ка мил­ја, што зна­чи де­ка по­тра­га­та тре­ба да се од­ви­ва от­та­му, па кон ае­ро­дро­мот, а не ка­ко што ја спро­ве­де­ле СФОР, од 8 на­у­тич­ка мил­ја кон Сто­лац, во спро­тив­на на­со­ка од ае­ро­дро­мот во Мо­стар, кон 25 на­у­тич­ка мил­ја. Ова де­фи­ни­тив­но не е нез­на­е­ње, ту­ку на­ме­ра, ама ка­ква? Е тоа мис­лам де­ка тре­ба да го истра­жу­ва­ат не­кои дру­ги ор­га­ни, не воз­ду­хоп­лов­ни, ту­ку истраж­ни, суд­ско-об­ви­ни­тел­ски.

Вто­ра­та, пак, е по­да­то­кот де­ка Ко­ми­си­ја­та за истра­га би­ла фор­ми­ра­на ду­ри на 02.03. 2004 го­ди­на, ко­га и поч­на­ла да ра­бо­ти. И се­га ај­де да по­го­ду­ва­ме, ама са­мо од три­па­ти, кој од 26.02.2004 до 02.3.2004 го­ди­на ја ор­га­ни­зи­рал, ко­ор­ди­ни­рал и спро­ве­ду­вал истра­га­та? Си­те фа­кти по­ка­жу­ва­ат и по­твр­ду­ва­ат де­ка во тој пер­и­од го­лем број кру­ци­јал­ни фа­кти се обез­бе­де­ни по­греш­но или се уни­ште­ни це­лос­но.

Ова е мно­гу бит­на ин­фор­ма­ци­ја, ко­ја го до­пи­ра не­пра­вил­но­то по­ста­пу­ва­ње или по­точ­но не­по­ста­пу­ва­ње­то на еден друг ор­ган во БиХ. Се ра­бо­ти за Др­жав­но­то об­ви­ни­телс­тво на БиХ или по­точ­но по­ста­пу­ва­ње­то на за­ме­ни­ци­те на др­жав­ни­от об­ви­ни­тел, Ме­џи­да Кре­со и Ва­со Ма­рин­ко­виќ. За­мис­ле­те, об­ви­ни­те­ли­те, кои из­лег­ле на са­мо­то ме­сто на не­сре­ќа­та на 27.02.2004 го­ди­на, не да­ле на­ред­би(на­ло­зи) за по­ди­га­ње тра­ги за хе­ми­ски и дру­ги ана­ли­зи (тра­ги од експ­ло­зи­ви и тра­ги од го­ри­ва и за­па­ли­ви ма­те­рии). Е, тоа го не­ма ни­ту во нај­за­фр­ле­ни­те афри­кан­ски др­жа­вич­ки, ка­ко пр­во, ка­ко вто­ро, во таа не­сре­ќа за­ги­наа лу­ѓе, и ка­ко тре­то, за­ги­на и пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Отко­га не­кој ви­дел ка­ков и кол­кав про­пуст е на­пра­вен, се се­тил да се по­диг­нат тра­ги на 16.03. 2004 го­ди­на, 21 ден по не­сре­ќа­та. Ова со про­фе­си­о­на­лен ја­зик ка­жа­но е не­про­фе­си­о­нал­но и не­струч­но од­не­су­ва­ње на об­ви­ни­те­ли­те, а со еден друг ја­зик ка­жа­но, тоа е ми­зер­но и срам­но од­не­су­ва­ње, од­не­су­ва­ње што ја бер­ба­ти об­ви­ни­тел­ска­та функ­ци­ја.

 

(Пишува: Со­тир Ко­стов
(Текст објавен во 128. број на неделникот „Република“, 13.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top