| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени две училишта во Тетовско

Непознати сторители викендов украле информатичка опрема од две училишта во Тетовско. Кражбите се случиле во селата Брвеница и Челопек, соопшти МВР.

Од кабинетот по информатика од Основното училиште „Кочо Рацин“ биле украдени три куќишта за компјутер, додека од Основното училиште „7 Март“ биле украдени седум глувчиња и една тастатура.

Полицијата работи на наоѓање на сторителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top