Двајца поранешни телохранители на манекенката Жизел Бундхен и нејзиниот сопруг Том Брејди се осудени на затворска казна откако се потврдило дека во 2009 година пукале во папарацо за време на венчавката на популарната двојка.
Членовите на обезбедувањето се осудени на пет години затвор, а мора и да му платат по 10 илјади долари на фотографот за претрпениот страв.
Пукањето се случило за време на венчавката на популарната двојка во вила на Коста Рика, каде што папарацо фотографите се обиделе да ја фотографираат церемонијата, но, наместо тоа, едвај спасиле жива глава.
Том Брејди ги демантирал овие објави на фотографот, но, сепак, тоа не го убедило судијата кој пресудил во корист на фотографот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија