Британи Марфи, актерката, чијашто смрт во 2009 година беше обвиена со мистерија повторно бранува. По четири години од нејзината смрт „Дејли мејл“ пишува дека актерката, најверојатно, била отруена со отров за глувци. Сега ќе се истражува и причината за смртта на нејзиниот сопруг Сајмон, кој почина само пет месеци по неа. Двајцата, официјално, починале од пневмонија. За Марфи претходно беше дијагностицирано труење со лекови, силно воспаление на белите дробови и недостиг од железо во организмот. Според американските медиуми, полицијата, најверојатно, повторно ќе ја отвори истрагата.
Мајката на актерката ја тужи компанијата што пред 13 години изградила зграда во Холивуд Хилс во која Британи и Сајмон починале и наведува дека двајцата биле отруени од токсичната мувла што се зафатила во станот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка