| четврток, 6 декември 2018 |

Мухамед Али го гледаше Суперболот, семејството демантира дека боксерот е во критична состојба

ali

Легандарниот светски шампион, Мухамед Али, го гледаше 47. издание од Суперболот, во својот дом во Феникс и не се наоѓа во критична здравствена состојба. Неговото семејство ги демантира написите во британскиот таблоид „Сан“ кој објави разговор со братот на Али, Рахман, тврдејќи дека Мухамед е речиси на работ на смртта.

-Веќе не ме препознава и прашање е на месеци, а можеби и на денови кога ќе си замине од овој свет – е изјавата на Рахман Али, братот на боскерот.

Наспроти тоа, ќерката на Муахамед Али, Меј Меј, за агенцијата Асошиејтед Прес потврди дека нејзиниот татко е во добра кондиција и дека го следел синоќешното финале на 47. Супербол од НФЛ, во нивниот дом во Феникс.

На еден од великаните на светскиот бокс во 1984 година му беше дијагностицирана Паркинсовата болест. Сега има 71 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top