| четврток, 6 декември 2018 |

Легендите на Вардар во акција, Панчев, Трајановски, Петров… потсетија на старите добри времиња (фото)

Легендите на Вардар предводени од фудбалерот на 20 век, Дарко Панчев, синоќа одиграа ревијален натпревар на помошното игралиште во Градскиот парк во Скопје, како потсетување на старите добри времиња. Во акција на партија фудбал се дружеа Дарко, Мирко Петров, Томче Трајановски, Горан Петревски, популарниот Чунга Лунга, Срѓан Захариевски, Саше Јанев, Сашко Тодоровски, Влатко Љушев и уште неколкумина што настапувале за најтрофејниот македонски фудбалски клуб во Македонија.

Vardar legendi 4

Ваквите натпревари треба да бидат традиционални и веројатно ќе се играат секој понеделник. Од Вардар информираат дека во клубот се врати уште едно големо име од „црвено-црното“ семејство, Саше Милошевски. Тој е назначен за координатор на пионерско-младинската школа и ќе работи заедно со Александар Васовски, кој е раководител во истиот сектор.

sase

 

 

Фото: fkvardar.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top