| четврток, 6 декември 2018 |

Босна се враќа на „Евровизија“

Босна и Херцеговина в година ќе учествуваат на изборот за песна на „Евровизија“. „БиХ на Евровизија 2014“ ќе биде  посебен мултимедијален проект, кој ќе ги одреди претставникот и песната со која земјата ќе настапи во Копенхаген.

Управниот одбор на Радио-телевизија Босна и Херцеговина (БХРТ) до 22 ноември, ќе поднесе прелиминарна пријава до организаторот на конкурсот.

Минатата година, БиХ се повлече од активното учество на европскиот фестивал поради финансиски причини. Ситуацијата не е многу подобра и оваа година, меѓутоа, Управниот одбор смета дека може да се најде решение што ќе ги задоволи интересите на гледачите и слушателите и да се спречи натамошно оттуѓување на БиХ од најважните европските асоцијации на јавните сервиси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top