Тоа е преостанатата делница од 17.400 километри кои штафетата треба да ги мине за 83 дена.
Факелот во возот го внел претседателот на Руските железници, Владимир Јакунин.
– Олимпискиот факел низ нашата земја ќе патува со воз од Владивосток до Сочи, а работниците на руската железница можат да бидат горди на фактот што во најкраток можен период изградија најмодерна железничка инфраструктура во Сочи – вели Јакунин.
Стотина илјади учесници на Игрите во овој град на црноморското крајбрежје ќе можат лесно да стигнат до олимпискиот стадион со модерни возови, додава тој.
Олимписката штафета тргна од Москва, а факелот потоа беше и на „прошетка“ во вселената, посетувајќи ја Меѓународната вселенска станица со рускиот вселенски брод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.