Момчето кое минатата недела беше приведено под сомнение дека убило и изело делови од телото на француски пензионер од југозападна Франција, до крајот на октомври служело во францускиот контингент во Авганистан.
Дваесет и шестгодишниот канибал е осомничен дека изел делови од срцето и од јазикот на 90-годишен маж, кого го убил на 15 ноември.
Анализите на трупот покажале дека му недостасуваат делови од срцето и од јазикот.
Засега судските патолози не можат да кажат дали делот од јазикот бил отсечен пред или по убиството.
Патолозите ја анализираат и содржината на чинијата, најдена до трупот. Во неа имало боранија со месо, за кое експертите се обидуваат да утврдат дали е од човечко потекло.
Приведениот поранешен војник изјавил дека дејствувал по наредба „дојдена од горе“.
При психијатрискиот преглед се утврдило дека тој е во делириум.
Извори од француската армија појаснуваат дека приведениот бил десетар и дека за време на својата работа во мисијата во Авганистан не создавал проблеми.
Обвинителството засега не може да утврди дали има врска меѓу поранешното занимање на војникот и злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


