| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата уби маж пред куќата на Џенифер Анистон

Ноќта во неделата во Бел Ер се случила несекојдневна ситуација. Полицијата по информација уби непознат маж пред куќата на Џенифер Анистон.

Полицијата доби дојава од општинските чувари дека пред куќата на Анистон се наоѓа вооружен маж. Полицаецот, кој бил на должност, дошол на местото и пукал во мажот. Целиот настан ги шокирал соседите, но и цела Америка.

Во моментот на пукањето Џенифер се наоѓала во куќата, а полицијата го истражува идентитетот на непознатиот маж, кој засега е познат само како „Лудиот Боб“.

Сѐ уште не е познато дали мажот сакал да влезе во домот на популарната актерка или, пак, во некој друг дом од соседството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top