| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон во Бугарија ќе обучува либиски војници

tripoli, libijaПентагон во настојувањето да ги подобри безбедносните услови во Северна Африка, ќе обучи 5 до 8 илјади либиски војници.
Според соопштението на полковникот на портпаролот на Министерството за одбрана на САД Стив Ворен, се работи за основна обука од општи карактер, која ќе биде извршена во Бугарија.
Ворен истакна дека Вашингтон и Триполи се уште преговараат за точниот број војници кои ќе се обучуваат и за времето на отпочнување обука.
Во Либија во последно време се зајакна насилството на разни милиции, а војската и полицијата се премногу слаби да ги разоружаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top