| четврток, 6 декември 2018 |

Германците се договорија- во одборите да има третина жени

deutschlandkarte_03Германија најави закон кој ќе бара германските фирми да бидат обезбедени 30 отсто жени во своите неизвршни бордови од 2016 година. Новата квота ќе важи за сите компании.
Двете главни политички сили, конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите, се согласија за новите правила како дел од преговорите за формирање коалициска влада по изборите во септември.
Договорот е чекор напред во преговорите. Двете страни прават отстапки, но конзервативците сакаат нивната изборна победа да се рефлектира во финалниот договор.
Жените во Герамнија држат околу 12 проценти од бордовите, според германските медиуми. Европската комисија лани предложи нови правила со кои би се барало  компаните во Унијата со над 250 работници да имаат 40 проценти жени во бордовите до 2020. Но, Германија и други држави се бранат дека тие правила мора да бидат донесени на национално ниво.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top