Алди Ризал стана познат во светот кога беше снимен како пуши на две години. Малиот Индонезиец беше зависен од цигари и пушеше до 40 цигари дневно. Денеска веќе петгодишниот Алди ги остави цигарите,но има нова зависност- храната.
Откако неговата приказна и статистиката дека третина од децата почнуваат да пушат пред да наполнат 10 години ја поткрена јавноста, државата отворила рехабилитациска клиника за деца – пушачи а и доктор ги посетува дома. Затоа малиот сега не пуши, но не можат да се справат со неговиот апетит.
Така, на помош на неговите родители доаѓаат и нутриционисти кои ги советуваат како полека да го вратат на здрава храна. ако дете на таа воздраст има 17 до 19 килограми, Алди има 24.
Главниот проблем, според докторите е што Алди е – разгален.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


