На улици во Триполи се распоредени припадници на армијата и блиндирани возила откако во петокот во тој град во судири загинаа повеќе од 40 луѓе.
Владата претходно соопшти дека армијата влегува во градот за да го заштити. Министерството за одбрана ги повика граѓаните на Триполи на кој било начин да им помогнат на војниците за да може тие „успешно да ја завршат задачата“.
Во петокот во Триполи група демонстранти се собраа пред новото седиште на полицијата од градот Мисрата барајќи тие да го напшуштат главниот град на Либија. Припадниците на милицијата од Мисрата на тоа одговорија со пукање во воздух,а потоа и во насобраните демонстранти. Во судирите што следуваа загинаа 43 луѓе и над 150 беа ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


