Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија не поднесе барање за ревизија на ослободителната пресуда во случајот на Анте Готовина и Младен Маркач, бидејќи смета дека за тоа немало основа, јавија хрватски медиуми.
Обвинителот, утврдил дека не се исполнети условите за таквото барање, и според тоа, Обвинителството не барало преиспитување на пресудата.
Едногодишниот рок за поднесување барање за ревизија на правосилната пресуда, со која хрватските генерали Готовина и Маркач се ослободени од секоја вина за злосторства извршени за време на воено-полициската операција „Бура“ во август 1995 година, истече во петокот на полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


