| четврток, 6 декември 2018 |

Иран побара „да не се претерува со барањата“

iran rohaniПретседателот на Иран, Хасан Рохани ги предупрреди светските сили дека на преговорите за иранската нуклеарна програма, кои в среда треба да бидат продолжени во Женева, да не изнесуваат „претерани барања“.
– На неодамнешните преговори во Женева постигнат е добар напредок, но сите мораат да сфатат дека претераните барања можат да го искомплицираат процесот за постигнување на договор кој ќе биде поволен за двете страни- посочи Рохани.
Иран в среда ќе почне нова рунда преговори во Женева со групата земји П5+1, сочинета од петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации – САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, плус Германија, откако двете страни не успеаја да постигнат договор овој месец.
– Од нашата точка на гледање, не би требало да дојде до ситуација да биде нарушена волјата на двете страни за постигнување на меѓусебен прифатлив договор- истакна Рохани по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Рохани „му се заблагодари на Путин за неговиот став во Женева“ нагласувајќи оти иранската нукеларна програма „е наменета за мирољубиви цели и оти е под контрола“ на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top