| четврток, 6 декември 2018 |

Галатасарај сака да се трампа со Милан

Галатасарај е подготвен да го даде Весли Снајдер и плус одредена сума на пари за младата ѕвезда на Милан, Стефан Ел Шарави

Wesley-Sneijder1

Уште во времето кога беше тренер на Манчестер Сити Роберто Манчини сакаше да го ангажира Стефан Ел Шарави, меѓутоа не успеа.

Сега, Италијанецот е тренер на турскиот Галатасарај, а желбата остана иста.

Младиот напаѓач е во втор план сезонава во Милан, а веќе извесно време е повреден, па шпекулациите се повеќе се погласни дека ќе следува негова продажба, но Галатасарај не може да си дозволи играч чија цена можеби ќе стигне до 30 милиони евра.

Мамката би можела да биде Весли Снајдер. Холанѓанецот е далеку од некогашната форма, а проблем е тоа што не се снајде во Турција, па враќањето во Италија за него би би вистински погодок.

Галатасарај е подготвен за зделката, но во целата ситуација главниот збор го има Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top