Македонската манекенка Стефани Борсова-Стојановиќ го роди своето прво дете. Прво, па машко за фамилијата Стојановиќ. Гордиот татко ја сподели со своите пријатели веста дека поранешната македонска убавица се породи денеска напладне на „Фејсбук“.
Стефани веќе две години е мажена во Србија, а нејзиниот избраник Александар Саша Стојановиќ е сопственик на клуб за вежбање и на синџир слаткарници.
Како мис на Македонија, таа ја претставуваше нашата земја на „Мис на светот“ во Кина во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


