Со оглед на фактот што се повреди во репрезентативен, поточно во ФИФА термин, Светската фудбалска федерација ќе му исплати на неговиот клуб Реал од Мадрид отштета во износ од 2,5 милиони евра, пренесоа шпанските медиуми
Дуелот заврши со резултат 1:1, а тој ќе мора да паузира до крајот на сезоната затоа што заздравувањето од скинати вкрстени лигаменти трае шест месеци.
Кедира веќе се опоравува во Аугсбург, каде што пред него низ истиот процес минаа Бастијан Швајнштајгер, Клас-Јан Хунтелар и Лукас Подолски.
Со оглед на фактот што Кедира има годишни примања во Реал во износ од шест милиони евра, ФИФА на Реал му уплатила 2,5 милиони, што е безмалку половина од неговиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



