| четврток, 6 декември 2018 |

Изрешетана редакцијата на „Либерасион“ во Париз – еден фоторепортер во критична состојба

francuska policija

Вооружен маж утрово отворил оган во париската редакција на францускиот весник „Либератион“ и тешкоранил еден член на редакцијата, јавуваат локалните власти.

Како што јавува агенцијата АФП, еден фоторепортер бил погоден во градите и во стомакот и е во критична состојба. Инцидентот се случил околу 10 часот и 15 минути по локално време.

Непознатиот маж што пукал, по инцидентот избегал.

Сличен инцидент се случи и минатиот петок кога вооружен маж упадна во редакцијата на телевизијата BFMTV и почнал да пука, дури и им се заканувал на новинарите, по што избегал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top