Штрковите во овој период одлетуваат на југ, но затоа, пак, долетуваат во скопски Аеродром. Аеродромци уште еднаш ја искажаа својата поддршка до својот кошаркарски тим МЗТ Скопје. Веднаш по Железничката станица, во тревникот на самиот булевар, е поставен интересен штрк, симболот на МЗТ Скопје.
Цветниот аранжман го постави Град Скопје, а освен во Аеродром слични аранжмани ќе има и во другите населби во градот. Секако, причината за тоа што токму штркот се најде во Аеродром е кошаркарскиот клуб МЗТ.
фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)