| четврток, 6 декември 2018 |

Голот на Дибиров најубав во изборот на ЕХФ, Карачиќ на третото место во топ 5 (видео)

Голот на Вардаровото лево крило, Тимур Дибиров, од странична позиција кога на неверојатен начин го надмудри Дарко Станиќ од Металург е најатрактивен и најубав во петтото коло во Лигата на шампионите. Во изборот на ЕХФ за топ 5 голови веројатно можеше да најде место уште еден погодок на рускиот ас од Вардар кога во стил на Миле Исаковиќ испрати вртена топка со многу спин, но мора да има место и за останатите ракометари во ЛШ.

Покрај Дибиров, во топ 5 има место и за извонредниот бек на Вардар, Игор Карачиќ, и неговото торпедо што заврши во мрежата на Металург.

Интересен е и погодокот на Игор Шебо, чуварот на мрежата на Висла Плок, со удар од гол на гол.

Најдобрите 5 погодоци од петтото коло во ЛШ можете да ги погледнете овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top