| четврток, 6 декември 2018 |

Стефан од „Некст тајм“ како Дејвид Ковердејл (ВИДЕО)

stefan next time

Песната која што пред неколку години му донесе победа на караоке во „Лајф радио“ и го донесе на естрадната сцена, сега еден од близнаците на најпознатото македонско музичко дуо, конечно ја препеа. Во препознатлива изведба, со многу енергија и емоции,Стефан од „Некст Тајм“, го препеа големиот хит “Here I go again” од Whitesnake, песна која публиката се почесто ја бара на настапите во живо на дуото.

–         Спојот на моќниот глас и емоциите кои што  Дејвид Ковердејл ги внесува во песната, секогаш ме оставале без зборови. Тој е еден од моите најголеми идоли, а “Here I go again” е песна со која што пораснав. Таа стана препознатлива нумера на моите настапи, па после толку време одлучив да направам моја студиска верзија за која се надевам дека ќе им се допадне на слушателите – вели Стефан.

Изминатава година беше повеќе од успешна за „Некст Тајм“. Имаа неколку концертни настапи во живо надвор од Македонија, а на публиката и го подарија веќе големиот хит „Светот во раце“ за кој што подготвуваат и акустична верзија што ќе излезе за Новогодишните празници како подарок за фановите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top