Србија и Косово мораат постепено да пронајдат доволен степен на нормализација на односите, така што секоја страна ќе го продолжи својот пат кон ЕУ, без блокирање на другиот, порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
-Нормализацијата на односите со Косово ќе мора да оди рака под рака со процесот на пристапните преговори, во согласност со јунските заклучоци на Европскиот совет. Сеопфатното и одржливо решение е потребно за да решат бројните отворени прашања кои ја спречуваат нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово- изјавил Филе.
На прашањето дали Србија на крајот од европскиот пат ќе биде доведена да избира меѓу Косово и Европа, Филе одговорил дека се работи за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, и дека не се работи на тоа, ЕУ од Србија да бара признавање на Косово.
Запрашан за тоа како ЕУ можела да ги започне преговорите со Приштина, околу Договорот за стабилизација и асоцијација, а се декларира дека има статусно неутрален пристап, имајќи во предвид дека членки на Унијата стануваат држави, а не региони, Филе одговорил дека ЕУ преку меѓународните договори не е ограничена само на меѓународно признати држави.
-Меѓународните договори можат да бидат склучени со било кој ентитет, доколку другата договорна страна, во овој случај ЕУ, прифати да склучи договор кој ќе се раководи со меѓународното јавно право. Со повикување на ставовите на земјите членки околу статусот, можно е да се склучи тој договор на статусно неутрален начин- објснува Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


