| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот подарок за бившата сопруга (ФОТО)

Поранешната сопруга на Ален Марковиц, сопственик на стриптиз-клуб во Детроит, очигледно многу го изнервирала. До толку што тој реши не само да купи куќа до нејзиниот дом, туку и да ѝ посвети статуа во неговиот двор.

enhanced-buzz-21065-1384636193-1

Ќерката Ленка, Ален и поранешната сопруга Леа

Огромниот споменик со среден прст кој е свртен кон нејзиниот прозорец чинел 7.000 долари, а ноќе е добро осветлен. 59-годишниот Марковиц вели дека имал добра причина да ја постави оваа статуа висока 3 и пол метри и дека не е посветена на неговата поранешна сопруга Леа, туку на комшијата, кој имал афера со неа додека уште биле заедно.

enhanced-buzz-10306-1384636102-8

Споменикот сликан од прозорецот на Леа

Инаку, Ален и Леа беа во брак само две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top