| четврток, 6 декември 2018 |

Агуеро: Имаме шанси да ја освоиме Лигата на шампиони

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, смета дека неговиот тим може да дојде до пехарот во Лигата на шампиони.

– Ќе биде многу тешко, но мислам дека имаме шанси да дојдеме до титулата. Треба само да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите во втората фаза – изјави Агуеро.

Напаѓачот на „граѓаните“ истакна дека менаџерот Мануел Пелегрини е најзаслужен за резултатите на екипита.

– Големи заслуги за успехот има Пелегрини, на почетокот на сезоната тргнавме несигурно бидејќи требаше време да се навикнеме на неговиот систем на работа. Тој бара многу од нас на натпреварите и на тренинзите, а тоа нас нѐ охрабрува да дадеме сѐ од себе – додаде Агуеро.

Сити во претходните сезони испаѓаше во раната фаза од ова натпреварување, а моментално се наоѓа на второто место во групата Д.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top