
Ѓер, Турингер, Митјиланд, Будуќност, Крим, Савехоф и Ларвик – кои ќе бидат трите противника на македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар СЦБТ. Македонскиот тим денеска ги дозна сите потенцијални противници за втората групна фаза од Лигата на шампионите каде обезбеди место како првопласиран во групата „Д“. Во следната фаза ќе го нема вториот најтрофеен клуб во Лигата на шампионите, Хипо кој попладнево во директниот дуел со Турингер доживеа пораз со 34:25.
Во следниот круг од елитното ракометно натпреварување, „црвено-црните“ влегуваат со втор најдобар напад (185 гола, помалку само од Ѓер (192) и втора најдобра одбрана (138 примени гола, повеќе само од Ларвик (133).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


