Палење знамиња, пароли, извици… вака денеска изгледа протестниот марш на илјадници Грци, кои излегоа на улиците за да го искажат револтот од мерките за штедење. Тие маршираа низ улиците на Атина и во знак на одбележување на 40-годишнината од бунтот на студентите против тогашниот режим на воената хунта.
Годишниот марш е одржан кога службеници на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд започнуваат нова рунда преговори во Атина за тоа дали ќе „ослободат“ нова транша помош за Грција. Повеќе од 100.000 луѓе се собраа пред парламентот кај плоштадот Синтагма во централниот дел на Атина, мавтајќи со знамиња на кои пишува „ММФ и ЕУ, надвор!“
Сличен митинг е одржан и во вториот по големина грчки град Солун.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.












