Повторно грабеж на пошта. Овојпат разбојниците „удрија“ на поштата во Охрид, во близина на охридската гимназија. Сѐ уште нема информации што недостасува од охридската филијала на „Македонска пошта“. Местото околу поштата е блокирано од полицијата, која не дозволува пристап, а идентитетот на сторителите е непознат.Пва не е прв грабеж на охридската пошта. Во јануари 2010 година, маскиран разбојник заканувајќи се на вработените со пиштол одзеде 51.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


