| четврток, 6 декември 2018 |

Се сруши патнички авион во Русија, загинале 50 лица

nesreka rusijaСе урна авион Боинг-737, кој сообраќал на домашен лет во Русија. Тој паднал при слетувањето на рускиот град Казан, а според првичните информации од руското Министерство за вонредни ситуации во несреќата загинале 50 лица, 44 патници и шест членови на екипажот.

– Во 19:30 часот по московско време на аеродромот во Казан при слетувањето се урна Боинг-737, кој сообраќал од Москва за Казан. По урвивањето одекнала експлозија – нагласи Министерството.

Се работи за летало на авиокомпанијата „Татарстан“. Авионот летал од Москва и се обидел по вторпат да слета на аеродромот и експлодирал при ударот. Казан е главен град на руската република Татарстан што се наоѓа околу 800 километри источно од Москва, а тамошниот аеродром е затворен по несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top