| четврток, 6 декември 2018 |

Џоли со Оскар за хуманоста

angelina jolie

Американската актерка Анџелина Џоли специјален Оскар, со кој холивудската филмска индустрија и оддаде признание за хуманитарната и волонтерска работа со бегалците.

Ова признание го доделува Американската филмска академија секој ноември на синоќешната свеченоста во Лос Анџелес.

„Почесен Оскар“ добија и актерката Анџела Ленсбури и комичарот Стив Мартин, како и костимографот Пјеро Тоси за придонес кон филмот.

Триесет и осум годишната Џоли, која пристигна во придружба на нејзиниот партнер и колега Бред Пит и својот најстар син Мадокс, кого го посвои во Камбоџа, ја претставија актерите од нејзиното режисерско првенче „Земја на крвта и медот“.

Тие и се заблагодарија, поради тоа што на луѓето кои ги преживеале последните судири на Балканот, им дала можност да се изразат.

Примајќи ја наградата од рацете на режисерот Џорџ Лукас, Џоли изјави дека нејзината мајка секогаш и говорела дека треба да живее живот, од кој и другите ќе имаат корист.

– Кога се сретнав со луѓето, кои преживале војна, глад и силување, дознав каков е животот на мнозинството луѓе во светот, изјави актерката, додавајќи дека тогаш го сфатила значењето на зборовите на нејзината мајка.

Џоли е амбасадор на Обединетите нации повеќе од десет години. Прв пат заминала на терен во 2001 година и од тогаш ги посетува бегалските кампови ширум светот и се обидува да ја подигне свеста во светот за овој проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top