| четврток, 6 декември 2018 |

„Револуционерни сили на борбениот народ“ ја преземаа одговорноста за смртта на членовите на „Златна зора“

Одговорноста за нападот, во кој беа убиени двајца приврзаници на грчката неонацистичка партија „Златна зора“ ја презеде непознатата група „Револуционерни сили на борбениот народ“.

Тие соопштија дека нападот го извршиле како одмазда за убиството на раперот антифашист Павлос Фисас кое го изврши „Златна зора“.

Засега полицијата неможе да ја потврди автентичноста на декларацијата, објавена во пресрет на планираните митинзи по повод 40-годишнината од крвавиот студентски бунт против воената хунта, која во тоа време управуваше со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top