Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров ја продолжи соработката со скандинавскиот спортски бренд „Хумел“, потпишувајќи нов договор со важност до 2023 година.
Лазаров, кој од 2008 година е заштитно лице на овој спортски бренд, и по завршувањето на играчката кариера ќе продолжи да соработува со „Хумел“, компанија која што го следи низ поголемиот дел од сезоната.
Специјално дизајнирани патики со името на нашиот репрезентативен капитен веќе се изработени и на крајот на мај ќе почнат да се продаваат низ цела Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.