Ноќеска тимот на Чикаго и го нанесе првиот пораз на Индијана, единствениот непоразен тим во новата НБА сезона.
„Биковите“ одиграа еден перфектен натпревар, во кој во еден момент во третата четвртина имаа предност од 33 поени, за на крајот гостите колку толку ја поправат својата игра и дојдат до пристоен пораз 110:94. Најефикасни кај победниците беа Луол Денг со 23 поени и Дерик Роуз со 20, додека кај гостите листата од шест кошаркари со двоцифрен ефект ја предводеше Рој Хиберт со 14 поени
Резултати од останатите натпревари:
Шарлот – Мајами 81:97
Орландо – Далас 100:108
Вашингтон – Кливленд 96:103 (продолжение)
Њујорк – Атланта 90:110
Чикаго – Индијана 110:94
Хјустон – Денвер 122:111
Минесота – Бостон 106:88
Њу Орлеанс – Филаделфија 135:98
Милвоки – Оклахома Сити 79:92
Голден Стејт – Јута 102:88
Лос Анџелес Клиперс – Бруклин 110:103
Вечерва се играат три натпревари:
Торонто – Портланд
Сакраменто – Мемфис
Лос Анџелес Лејкерс – Детроит
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.