Сончево саботно утро кон крајот на јануари. Два тима, еден од Македонија, а вториот од Грција, набрзина ги пакуваат скиите, ги подготвуваат автомобилите и ги земаат камерите и фотоапаратите за да го овековечат секој миг од нивната авантура. Трката е кој ќе биде првиот што ќе направи трага на свежо паднатиот снег на планината Кожуф, прекрасната убавица која се протега на границата меѓу Македонија и Грција.
Грчкиот тим наречен „Powder Hunters” го сочинуваат Елени, Лиана, Стратос, Петрос и Димитрис, а нивните браќа по екстремно скијање од Македонија се Данчо, Бојан, Борче, Ице и Владе. На сите им е заедничка лудата вљубеност кон екстремното скијање.
И кај двата тима се е подготвено за тргнување. Патот до омилената планина за љубителите на таканареченото фрирајд скијање не е долг и во добро друштво може да биде забавен.
Тимот кој тргнува од Скопје е оддалечен 210 километри од скијачкиот центар на Кожуф, а потребни му се час и половина за да стигне до скијачките патеки. Тимот од Грција е во предност, но сепак не толку голема. За околу 130 километри колку што е оддалечена планината од Солун на нив им се потребни околу десет минути помалку отколку на македонскиот тим, секако ако се земе предвид минувањето на границата. Но, сепак кој и да стигне прв планината е доволно голема за сите да уживаат во фрирајд скијањето и да почувствуваат дека биле први кои го „извалкале“ снегот.
Фрирајд е слободно пуштање по снегот каде нема означени патеки и каде секој сам ги истражува патеките, а снегот е длабок и носи секакви изненадувања, неретко опасни за скијачите. Овој начин на скијање е вистинска атракција за трагачите по адреналин. А токму такви се нашите десетмина авантуристи. Нивната потрага по возбуда ја скротиле токму на Кожуф. Планината е вистински рај за овие фрирајд фанатици.
Димитрис ни вели дека Кожуф е таква планина која ги освојува срцата не само на оние кој ја виделе со свои очи туку и на оние кои виделе слика или видео од природните убавини. Тој за нашиот скијачки центар има само зборови за пофалба и го нарекува “магично место за фрирајд скијачите и за сноубордерите“. Грчкиот тим „Powder Hunters” на социјалните мрежи имаат постирано десетици видеа од Кожув, а на нив може да се почувствува дека тие се навистина зависници од оваа планина која ја посетуваат во последниве неколку години.
За нашиот авантурист Данчо Ѓорѓијевски тоа воопшто не е чудно бидејќи Кожуф е модерен скијачки центар кој може да стане Сент Мориц на Балканот.
„Непрегледните терени полни со свеж снег се посебно привлечни и претставуваат терен за меѓусебен натпревар кој ќе биде првиот што со скиите ќе се „потпише“ на снегот. Скијачкиот центар нуди совршени услови за љубителите на фрирајд скијањето. Ако се додаде беспрекорната услуга на вработените и модерната опрема како и несекојдневните дрвени бунгалови ја прават секоја посета на Кожуф незаборавно искуство“, вели Данчо и додава дека секој љубител на зимските спортови мора да го стави Кожуф на својата мапа.
И ако нашите десетмина авантуристи брзаат кога треба да стигнат на Кожуф на заминување сликата е поинаква. Се одложува секој миг, бараат уште некоја минута или барем уште една секунда за да се поздрават со планината.
До следното видување, односно скијање, уживајте во фотографиите од ски-авантурата на падините на Кожуф.
Извор: www.balkon3.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)