| четврток, 6 декември 2018 |

Утре предавање на тема: „Грбот на Република Македонија – тема за дилема“,

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје,,организира предавање на тема „Грбот на Република Македонија – тема за дилема“, од Хералд Јован Јоновски, кое ќе се одржи утре во Музеј на град Скопје, со почеток во 19часот.
Повод за ова предавање е фактот што Грбот на една држава (покрај знамето и химната) е еден од трите основни државни симболи што го одразуваат нејзиниот суверенитет и идентитет. За разлика од другите држави на Балканот во кои по осамостојувањето, промената и враќањето на грбот беше еден од првите приоритети, Република Македонија тоа делумно го стори дури во 2006-та година. Од својата независност па се до 2006 година, насловната страница на пасошите на Република Македонија беше празна. Потоа се воведоа новите пасоши на кои е втиснат стариот грб на ,,Народна Република Македонија”. На оваа едиција која е се уште во оптек, од 2010 година беше одземена петокраката од грбот.
Грбот на Република Македонија до сега не е ревидиран, иако биле направени обиди тоа да се стори. Со цел да даде мал прилог кон разрешување на оваа дилема за да се најде прифатливо решение за државниот грб, се движат и размислувањата на ова предавање: Дали треба да го задржиме стариот грб, или да го дизајнираме во духот на новите теченија?
Јован Јоновски е македонски хералдичар, основач и претседател на Македонското Хералдичко здружение (МХЗ). Тој е магистрант на отсекот за ,,Историја на култовите и религиите во Македонија” при Институтот за национална историја (ИНИ – Скопје) и автор на статии од областа на хералдиката. Учествувал на повеќе конференции чијашто тематика се хералдиката и вексилологијата, а исто така е член на меѓународната академија по хералдика со седиште во Франција. Неговиот научен интерес е насочен кон историјата, со особена субспецијалност кон хералдика, вексилологија и фалеристика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top