| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени илегални мигранти од Сирија, Авганистан и Пакистан

Полицијата приведе илегални мигранти од Сирија, Авганистан и Пакистан откако завчера вечер, околу 23 часот, при вршење редовна контрола, забележа повеќе сомнителни лица како влегуваат во три патнички возила „Ауди А 4“, „Опел Омега“ и „Форд Ескорт“ со битолска, ресенска и струмичка регистарска табличка.

Мобилната едница за прекуграничен криминал ги пресретнала на автопатот „Александар Велики“, на патниот правец Скопје – Гевгелија, кај надвозникот во близина на село Прдејци.

Во возилата имало по четири до пет патаника. Во близина на ТЕЦ-Неготино, едно од возилата, „Форд Ескорт“, ненадејно закочило и го попречило правецот на движење на полициските службеници и завртело во спротивен правец за да избега.

Набргу другите две возила исто така застанале во близина на месноста Острово при што од нив излегле десетина лица кои почнале да бегаат во непознати правци. Возачите на двете возила, Ш.К. (22) и К.У. (26) од Битола, исто така се обиделе да побегнат, но биле спречени во намерата по што се приведени.

За целокупниот настан е изготвена соодветна службена документација, а во текот на ноќта 14/15.11 се пронајдение девет илегални мигранти кои беа дел од групата што ја превезувале приведените.

Според МВР, вчера, во одвоен случај, на А-1 Неготино-Велес кај наплатна станица „Стоби“- Градско, во „Волсваген Шаран“ со бугарски регистарски таблички управувано од П.И.А. (39) од Бугарија се затекнати девет авганистански државјани, сите без патни исправи. Лицата се приведени и во 22 часот се предадени на натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top