| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарен и стресен туризам во Мексико: Плаќаат за да доживеат невидени маки

Во Мексико можете да упатите бизарен ноќен излет кој е симулација на илегален премин преку границата на САД.
„Ноќна прошетка“ или ”Caminata Nocturna” е ноќна тура која ги води туристите по непристапен терен додека ги брка гранична полиција која пука во нив (среќа, со лажни куршуми).

Дванаесет километри турстите се провлекуваат по џбунови, преминуваат реки и потоци, а се среќаваат и со лажни криминални групи и припадници на наркокартели.

Оваа многу стресна тура се организира во рекреативниот парк Екоалберто, кој се наоѓа во сопствеост на Отоми Индијанци, чија популација е значително намалена поради миграција во САД. Целта на турата е да се подигне свеста дека илегалното преминување на не вреди да се ризикува животот заради „подобра иднина во САД“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top