| четврток, 6 декември 2018 |

Десет Авганистанци најдени во Лојане

migranti

Жител на село Лојане, Кумановско добил кривична пријава затоа што криел 10 жители на Авганистан, кои имал намера да ги прошверцува во Србија.

Полицијата соопшти дека по предходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на судска наредба, полициските службеници од СВР Куманово  вчера ја претресле куќата на С.А.(40) од с.Лојане, каде што биле пронајдени десет државјани на Авганистан, од кои едното е дете на возраст од 10 години.

С.А. со намера за себе да прибави противправна имотна корист за неутврден паричен надомест ги сместил и засолнил мигрантите во својата куќа, а со цел илегално да ги пренесе преку македонско-српската граница.  Инаку, мигрантите во Авганистан на непознато лице му платиле 7.000 долари за да им организира непречено да стигнат во Италија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top