| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан тетовчанец ја избодел невенчаната сопруга

Вчера од Хирушка амбуланта при Клинички центар Тетово, било пријавено дека кај нив е донесена С.Д.(47) од Тетово со убодна рана во пределот на левото рамо.

Полицијата веднаш превзела мерки по пријавувањето на случајот, па така, во дворот од нејзината куќа бил затекнат вонбрачниот сопруг, 51-годишниот Р.Р.  кој имал повреди во пределот на главата.

По извршениот разговор со него полицијата открила дека  тој откако се вратил дома во алкохолизирана состојба започнал расправија со девојката, при што во еден момент збеснал и и ја нанел повредата.

Против него ќе следува соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top