| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Патнички воз прегазил пет лица

Патнички воз на северозапад на Москва околу полноќ прегазил пет млади лица, пренесе руската агенција „ Итар Тас“.

Инцидентот се случил помеѓу железничките станици Покровскоје –Стрешнево и Тушино, само десет минути по полноќ, кога се прегазени пет лица, кои починале на местото на несреќата.

Жртвите се на возраст од 16- 20 години, соопшти извор од московската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top