| четврток, 6 декември 2018 |

„Блек Сабат“ ја добија наградата „живи легенди“

Легендите на хеви метал звуците, членовите на групата „Блек Сабат“ триумфираа на овогодинешните доделувања на Класични рокенрол награди, на кој освоија три награди, како и наградата „живи легенди“.

Ветераните од Бирмингем исто така ја добија наградата за најдобар албум за 2013. година.

Најновиот 19. студиски албум на групата „Блек Сабат“ го достигна првото место на британската топ листа за најпродавани албуми, прв пат по 43 години, кога на прво место беше нивниот албум „Параноид“.

Претходни добитници на наградата за „живи легенди“ беа Алис Купер, Џими Пејџ, Иги Поп,  ЗЗ Топ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top