| четврток, 6 декември 2018 |

Дебата за намалување на сообраќајни несреќи со фатални последици

„Како до помалку сообраќајни незгоди со фатални последици“ e темата на тркалезната маса што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), како дел од активностите за одбележување на Светски ден за одбележување и сеќавање на жртвите во сообраќајните незгоди – 17 ноември.

Најавено е учество на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, претставници на РСБСП, на министерствата за образование и наука и за здравство, Агенција за патишта и на Град Скопје. Ќе се дискутира за различните аспекти во сообраќајот и сообраќајните несреќи, во кои во октомври годинава е надмината минатогодишната бројка од 132 загинати
за целата година, и ќе се анализираат можностите за итно надминување на тие состојби.

Тркалезната маса треба да резултира со краткорочни и среднорочни мерки кои треба да ги преземат надлежните институции за спречување и сузбивање на сообраќајните незгоди со фатални последици.

Во рамки на глобалните напори за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на сообраќајни незгоди со фатални последици, Организацијата на Обединетите нации, го прогласи 17 ноември 2013 година за Светски ден за одбележување и сеќавање на жртвите во сообраќајните незгод

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top