| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Св. Ѓорѓи Победоносец

Денес Црквата го слави пренесувањето на моштите на свети Ѓорѓи во Лида Палестинска, родното место на неговата мајка. Празнувањето на преносот на моштите е пракса која укажува дека Црквата верува не само во воскресението на душата, туку и на телото, т.е. во воскресението на целиот човек.

За време на император Констанин во Лида беше подигнат храм, посветен на свети Ѓорѓи, во кој беа сместени чудотворните мошти на овој светител.

Уште еден празник на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец

Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.

Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј – Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top